Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова трансплантација на срце од починат донор

/

пред 1716 дена

Сподели преку :

Седма трансплатација на срце од починат дарител во земјавa е извршена вчера кај млад пациенти.

Откако семејството на пациент кај кого била констатирана мозочна смрт дало согласност за донирање на органите, доцна во ноќта започала експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

„Со нивната хуманост и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж. И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и сè уште работат“, велат од Министерството за здравство.