Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затворени училиштата во Атика поради невремето „Елпида“

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

Градинките, основните и средни училишта во областа Атика, поширокиот дел на Атина, но и во други делови на Грција денеска и утре ќе бидат затворени, а учениците ќе следат онлајн настава, поради невремето „Елпида“ што според метеоролозите ќе донесе обилни врнежи од снег.

Училиштата ќе бидат затворени и во повеќе делови на Грција, во северниот и централниот дел, на дел од островите и на Крит, а наставата ќе се одржува онлајн, додека пак во утре ќе се донесе одлука дали во среда учениците ќе се вратат во училишните клупи.

Властите со апел до граѓаните да бидат многу внимателни и да избегнуваат секакво непотребно движење во следните 48 часа..

Во февруари минатата година, Атина, по најмалку десет години беше под снег, кој иако не надмина 20 до 25 сантиметри, создаде сериозни проблеми и прекин во електричната енергија во повеќе населби.