Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претежно сончево и многу студено – Временска прогноза за 25.1.2022

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

Утре на повеќе места ќе биде стабилно и сончево, но и многу студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -15 до -5°C, а максималната од -5 до 6°C.

Агропрогноза: Промената на времето која се случи деновиве, со врнежи од снег и формирање на снежна покривка, како и одржувањето на подолг период на ниски минимални – негативни температури се оценуваат како позитивни агрометеоролошки услови особено за есенските посеви на кои се потребни токму вакви временски услови.

Прогнозите за оваа седмица со ниски дневни и утрински температури, ќе бидат во граници на издржливост на културите, а тоа е доволен податок земјоделските производители да не стравуваат од евентуални штети како резултат на ваквите температури.

Ова е период од годината кога има многу малку или воопшто нема работа на отворен простор, со исклучок на работите во пластеничкото или оранжериското производство каде работите и производството се изведуваат во контролирани услови.

 

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/