Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ поднесе законски измени за бришење на техничка Влада, СДСМ и ДУИ бараат консензус

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

ВМРО ДПМНЕ бара предлог измените на законот за Влада по скратена постапка да се стават на собраниска седница во среда . Да се избришат одредбите кои се однесуваат на начинот на избор на Влада кои предвидуваат 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори да се избере нова, преодна Влада. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски бара од владата да го почитува договорот од последната лидерска средба меѓу Заев и Мицкоски кои се согласија да се укине техничката Влада.Опозициската партија не ги условува измените со предвремени парламенатрни избори, но сепак смета дека тие треба да се распишат.

Укинувањето на техничката Влада го поддржува и Беса но и тие инсистираат на предвремени избори.Владејачкото мнозинство не е против законските измени но сметаат дека за ова прашање е потребен претходен консензус на четирите политчки партии па потоа заедно да ги достават предлозите до Собранието.

Техничката влада беше воведена во 2016 година и произлезе од Пржинскиот договор поради нефункционирањето на институциите и политичката криза во државата.

Јулијана Пешевска