Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем број ученици со попречености ќе го почнат второто полугодие без образовни асистенти

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

И второто полугодие од учебната година голем број ученици со попречености ќе го почнат без образовни асистенти.

Во Југоисточниот регион каде се водат околу 300 деца со попречености, се уште сите деца не ги поминале тестирањата на МКФ комисијата за проценка на функционалност на детето.

Од ресурсниот центар во овој регион велат дека се очекува комисијата да ги тестира децата до крајот на февруари или почетокот на март.

Поради ова, но и поради ограничениот број на асистенти, во училиштата се уште недостига поддршката за децата и наставниците во текот на образовниот процес. Во основното училиште Видое Подгорец во Струмица има околу 25 деца кои се тестирани на МКФ комисијата. Бараните асистенти, не се пријавиле на огласот.

Министерството за образование пред почетокот на учебната година распиша конкурс за 500 образовни асистенит, но потребите на државата се многу поголеми.

Најавите се дека ќе се бара дополнителсни средства од Владата за следната учебна година. Од министерството за образование велат дека се работи на подигнување на инклузивниот процес на повисоко ниво со тоа што секое ново училиште во иднина ќе мора да исполнува високи стандарди за поддршка и профаќање на учениците со попреченост.

Во основното учлиште Видое Подгорец во Струмица денеска се отвори нова сензорна соба, втора во градот.

Отворањето е дел од проектот што го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор со поддршка на Европска Унија и ГИЗ.

Сузана Мицева