Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Да го испратиме со песна нашиот Аки“ – последна почит на Градскиот плоштад во Скопје

/

пред 1712 дена

Сподели преку :

На Градскиот плоштад во Скопје медиумски и музички работници денеска ќе му оддат последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок-вокалисти во регионот.

Кај тревникот пред „Пелистер“ во 13:00 часот ќе биде отворена Книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни.

Сите пријатели и обожаватели на Аки ќе можат да положат цвеќе или да запалат свеќа.

Главното собирање е предвидено попладне, од 18:00 до 19:30 часот, кога хорови, пејачи и пријатели, заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“, чиј фронтмен беше Ракимовски повеќе од четири децении.

Рахимовски себе остави хитови со кои раснеа многу генерации.