Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Норвешка ќе освои најмногу трофеи во Пекинг

/

пред 1711 дена

Сподели преку :

На една недела пред почетокот на Зимските олимписки игри направена е детална анализа на формата и постигнатите резултати во досегашниот тек од сезоната и објавена е студија во која се проценува дека Норвешка ќе биде најтрофејната нација во Пекинг.

Според анализата спортистите од Норвешка би освоиле вкупно 45 медали од кои 22 златни, 13 сребрени и 10 бронзени.

На второто место во проекцијата се натпреварувачите од Русија со 32 трофеи од кои 11 се најсјајни, а 12 се сребрени. Германија игрите во Пекинг би ги завршила со 25 искачувања на подиумот, 12 пати би биле на највисокото, десет пати на второто место, а би се закитиле и со три бронзи.

Зад суперсилите од Европа се спортистите од САД и Канада кои би освоиле по 22 медали меѓу десетте се вбројуваат уште Шведска, Швајцарија, Холандија, Австрија и Франција.

Сепак проекцијата не е до крај реална со оглед на фактот дека поради пандемијата малку спортисти од Азија беа дел од натпреварувањата во зимските спортови, но се предвидува дека нема да се вклучат во трката барем за трите први места.