Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Замрзнатите цени“ продолжуваат и во февруари

/

пред 1710 дена

Сподели преку :

Владата на денешната седница донесе одлука да продолжи важноста на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, како што се леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.

Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година.