Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот за безбедност ќе расправа за ситуацијата на границата со Украина

/

пред 1707 дена

Сподели преку :

Советот за безбедност на ОН денеска првпат треба да расправа за ситуацијата во Украина, откако распоредувањето руски војници во близина на границата предизвика тензии со Западот.

САД го ставија ова прашање на дневен ред минатата недела по неформалните разговори со другите членки на Советот за безбедност и Украина.

– Ова не е момент да се чека и да се види. Сега е потребно целосно внимание на Советот и со нетрпение очекуваме директна и целисходна дискусија во понеделник, рече американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд.

Расправата треба да биде јавна.