Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војдан Стојановски до крајот на сезоната во дресот на МЗТ Скопје

/

пред 1707 дена

Сподели преку :

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски потпиша договор со МЗТ Скопје. Еден од нашите најдобри играчи се враќа во домашното првенство по една деценија интернационална кариера.

Стојановски ќе игра во таборот на МЗТ до крајот на оваа сезона со можност соработката да биде продолжена на подолго. Капитенот на Македонија измианатиот период се рехабилитираше од тешката повреда на коленото, а во вториот дел од сезоната треба да биде екстра засилување за „аеродромци“ во битката за врвот во домашното првенство и АБА2-лигата.

Во својата кариера Војдан Стојановски во домашното првенство играше за Вардар, АМАК – СП и Фени Индустри. Во странство играше за Напредак Крушевац, Черкасеи  мавпи, потоа Доњецк, Алаба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмеџе, Олденбург, По Ортез и Гравелин.