Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Согласност за една изборна единица, дебата за изборен праг

/

пред 1706 дена

Сподели преку :

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ се сретна со пратениците од ДОМ, Демократската партија на Турците и Српската странка.

Договорено е да побараат во наредните 15 дена да отпочне расправа во Комисијата за политички систем за предлог измените на Изборниот законик со кои неколку партии бараат да се воведе една изборна единица, без изборен праг и рамноправна застапеност на жените на изборните листи.

За измените на Изборниот законик ќе се организира и јавна дебата на која ќе бидат поканети експерти и универзитетски професори.

ВМРО ДПМНЕ се согласува за една изборна единица а за изборниот праг сметаат дека е потребен договор.

“Колкав и да биде изборниот праг сметаме дека тој треба да се однесува на бројот на излезени а не на запишани гласачи.ВМРО ДПМНЕ поддржува една изборна единица а за цензусот може да отвориме дебата и да се договориме” – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ се сомнева во вистинските намери на ВМРО ДПМНЕ и останува на ставот дека за промена на изборните правила потребен е консензус на четирите најголеми политички партии што во моментов го нема.

Премиерот Ковачевски во текот на вчерашниот ден изјави дека за ова прашање треба да се формираат работни групи кои ќе го дадат конечниот збор и дефинираат изборниот модел.

Јулијана Пешевска