Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов снежен бран го зафати САД, откажани се стотици летови

/

пред 1705 дена

Сподели преку :

Во САД пристигна нов леден бран, што доведе до откажување на стотина комерцијални летови.

Британските медиуми јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата.

Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата.

Во Мичиген се очекуваат околу 30 сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.

-Се приближува мно гу студен и непријатен систем што ќе го отежне патувањето, изјави Марти Рауш, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Колеџ парк во Мериленд.