Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолчанец стои зад заканите за ликвидација на обвинителите Јовески и Рускоска

/

пред 1705 дена

Сподели преку :

Педесет и шестгодишен битолачанец а не терористичка организација стои зад заканите за ликвидација упатени кон републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески и шефот на Обвинтелството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска.

Осомничениот Стевче Зика утрово е приведен од битолската полиција која извршила претсер во неговиот дом и домот на неговата мајка каде се запланети мобилен телефон и лап топ компјутер.

Истрагата потврди дека тој ги испратил двете писма иако навел лажни имиња како испраќач, а ги испратил од поштите во Битола и Прилеп.  Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста за која е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

„На 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија – подружница Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на јавниот обвинител Вилма Рускоска. Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија – подружница Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија. Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со невистинити генералии“ – информираат од МВР.

Во писмото испратено до републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Зика бараше да се запре постапката против двајцата новинари на ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ

„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се со највисоки еминентни заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои се борат и ќе ги бранат до последна капка крв бидејќи го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо“ – пишуваше во заканувачкото писмо испратено до обвинителот Јовески.

Од обвинителката Рускоска исто трака заканувајќи се со ликвидација  барал да ги гони екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев  а рокот дека ќе биде убиен веќе беше истечен.

Заедничко е за двете писма што беа напшишани на македонски и англиски јазик.

За новинарите Момировски и Милосављевиќ до Обвинителството беше поднесена кривична пријава од Агенцијата за разузнавање во врска со наводи за безбедносни и разузнавачки структури изнесени во емисијата „Заспиј ако можеш“ емитувана на ТВ Алфа. Тие во ноемврилани беа повикани и да дадат исказ а во декемви предметот бил запрен бидејќи надлежниот обвинител сметал дека нема место за јавно-обвинителско постапување.

Огнен Чанчаревиќ