Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неизвесен исходот од седницата на економско-социјалниот совет – работодавачите и синдикалците со остро спротиставени ставови

/

пред 1705 дена

Сподели преку :

Барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска е на дневен ред на седницата на Економско-социјалниот совет, кој се одржува во владата. На седницата присуствуваат и претставниците на организацијата на работодавачите како и на Сојузот на синдикати на Македонија.

Пред состанокот нивните претставници излегоа со јасно спротиставени ставови.Владанка Трајковска од организацијата на работодавачите изјави дека во услови на економска криза и политичка криза која претходела, како и при зголемување на цената на електричната енергија и ресурсите и прогласувањето на недала за неработен ден што повторно било на товар на работодавачите, нехумано би било да се зборува за зголемување на минималната плата на 18 000 денари.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски изјави дека нивните ставови се јасни и дека во зависност од одговорот кој тие ќе го добијат, работниците се подготвени да стапат во генерален штрајк.

Тој се повика на економски анализи направени од истакнати економисти и професори.според кои доколку се зголеми минималната плата на 18 000 денари , ќе се зголеми и профитот на компаниите а ќе се зголеми и продуктивноста на работниците.

“Дефиниција за продуктивен работник е добро платен работник. На сите да ни биде јасно и сто пати ако треба ќе го повторам тоа” – изјави Димовски.