Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Странците доминираат во Италија и Англија

/

пред 1705 дена

Сподели преку :

Институтот за фудбалски истражувања од Швајцарија објави нова анализа според која домашните фудбалери добиваат најмала шанса за настап во националните првенства на Италија и Англија.

Според анализата во досегашниот тек од сезоната тренерите на клубовите во Серија А им даваат најголема минутажа на фудбалерите кои доаѓаат од други земји.

Дури 64 проценти од вкупниот број одиграни минути им припаѓаат на странците. На второто место е Премиер лигата во Англија со 59,5, а на третата позиција е Американскиот фудбалски шампионат каде странците имаат 58,8 отсто од вкупната минутажа.

Преку 50 проценти странските играчи имаат и во Бундеслигата во Германија, а веќе со Мексико почнува предноста на домашните фудбалери. Од петте најсилни лиги во Шпанија странците имаат 41,5 проценти од вкупниот број на минути, а потоа следува Франција со 39,4.

Во првиот дел од сезоната најнизок просек на години на играчите кои настапуваат во националните првенства има во Франција каде тој изнесува 26 години и четири месеци во Германија тој е 26 години и шест месеци додека во Англија и Италија тој е нешто над 27 години.

ФОТО: Игор Паневски