Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Супер боул ги затвора училиштата во Синсинати

/

пред 1705 дена

Сподели преку :

Сезоната во НФЛ лигата сосема неочекувано ќе ја затворат Лос Анџелес Ремс и Синсинати Бенгалс, а решавачкиот меч за трофејот ќе се игра на 13 овој месец.

Синсинати е во финалето по пауза од 34 години и поради тоа градските власти решија доколку се освои шампионската титула следниот ден да бидат затворени сите училишта во градот.

Бенгалс во разигрувањето влегоа како аутсајдер, но успеаа да ги елиминираат најдобро рангираните екипи Тенеси и Канзас Сити.

Домаќин на 56-от Супер боул е Лос Анџелес и по втор пат во историјата еден од финалистите ќе игра пред своите навивачи.