Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сали: Вакцинацијата е најдобра заштита од Ковид-19

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Во државата е детектирана подваријантата на Омикрон. Според податоци од Институтот за јавно здравје, кај пет примероци, бил изолиран овој вид на вирисот.

Во моментот во државата доминира првата омикорн варијанта, а во дневниот ковид билтен повторно поразителни бројки.

18 нови жртви на ковид за едно деноноќие, а од 4.667 тестирани, позитивни се 1.543ца. 220 од нив реинфекции и една втора реинфекција.

Министерот Сали денеска повика на помасовна вакцинација, а на прашањето дека професор доктор Драган Даниловски тврди дека нема протокол за лекување на ковид позитивните пациенти во болниците, министерот Сали рече дека тоа не е точно, а дека Даниловски давал како што рече ,,несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството”.