Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема кворум за смена на Абазовиќ, тој порача „слично ќе биде и утре“

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Црногорското Собрание денеска не го усвои предложениот дневен ред за седницата на која требаше да се расправа за разрешување на вицепремиерот Дритан Абазовиќ.

За дневниот ред се изјаснија 77 пратеници, од кои 20 беа за, 11 против и 46 воздржани.

На седницата дојдоа речиси сите членови на власта и опозицијата, а членката на Демократскиот фронт Симонида Кордиќ гласаше преку видео линк.

Премиерот Здравко Кривокапиќ побара разрешување на Абазовиќ, бидејќи коалицијата „Црно на бело“ (ГП УРА и ЦИВИС) и пратениците од опозицијата побараа да се изгласа недоверба на Владата, за што пратениците ќе гласаат утре.

Абазовиќ пред почетокот на седницата изјави дека е „опуштен“, а по неа додаде  „ по моја некоја слободна проценка утре ќе има уште помалку за поддршка на владата. Работата е недвосмислена. Тоа е продолжение на одговорот на волјата на народот. И да беше поинаку, нема проблем. Единствената тенденција во моментов е сите заедно да изнајдеме одржливо решение кое може да ја турне земјата напред“.

-Многу слично седницата ќе заврши и утре, додаде тој.