Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

10 лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во Битола

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Тешка сообраќајна несреќа се случила на излезот од Битола кон Кравари. Во несреќата учествувале три возила, патничко комбе, кое пренесувало работници од фабриката „Кронберг и Шуберт“, патнички автомобил и паркиран камион влекач.

Според првичните информации од битолската клиничка болница во сообраќајката има 10 повредени лица, од кои две се здобиле со потешки телесни повреди.

Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот, кога работници од утринската смена од фабриката „Кромберг и Шуберт“ се враќале кон Битола.

Увидот од страна на екипи на СВР Битола сѐ уште трае.