Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

20 повредени лица во сообраќајка на излезот од Битола од кои 6 поминале со потешки повреди

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

20 патници побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола по сообраќајната несреќа што се случи попладнево пред 15 часот на излезот од Битола, на магистралниот пат кој води кон соседна Грција.

Шест минале со потешки повреди, а останатите се полесно повредени.

Нема жртви во оваа сообраќајна несреќа, што се случи меѓу три возила, едно комбе со ресенски регистарски таблички кое превезуваше работници од фабриката Кромберг и Шуберт по завршувањето на првата смена, потоа патничко возило ауди и влекач паркиран покрај патот.

По ударот со патничкиот автомобил, комбето се заби во влечното возило со предната страна.

-Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот на  магистралниот пат кон граничниот премин Меџитлија, беше во прекин повеќе од еден час, а возилата се пренасочуваа  кон алтернативни патишта.

Прегледите и дијагностичките процедури во Клиничката болница во Битола траеја  неколку часа во сите одделенија.

Најголем број од оние кои побараа лекарска помош се од работници кои се превезуваа во комбе.

Покрај оние со скршеници и набиеници од ударот, најголем дел од патниците биле вознемирени и во шок.

Емилија Мисирлиевски