Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

19 години од Карпалак

/

пред 2247 дена

Сподели преку :

19-годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители кај Карпалак се одбележа со панихида и положување цвеќе пред спомен плочата поставена на банкината од автопатот Скопје – Тетово.

Почит им оддадоа делегации на Министерството за одбрана и Армијата, Кабинетот на Претседателот, владини претставници, прилепската локална самоуправа, политичката партија ВМРО ДПМНЕ, семејствата на загинатите, здруженија на бранители, како и граѓански организации.

Бранителите и лицата кои го преживеаја нападот и годинава се пожалија дека сè уште нема достојно обележје во знак на почит на загинатите, како и дека државата ги заборавила луѓето кои ја бранеа земјата.

Од Одборот на бранители бараат одбележувањето на денот да биде подостојно.

На 8 август 2001 година десет резервисти на македонските безбедносни сили беа убиени во заседа кај месноста Карпалак, а тројца ранети кога конвојот од Прилепската касарна се движел кон Тетово.

 

Данијела Билбилоска