Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во училиштата во Ѓорче Петров парно има до 15 часот – родителите на анкета одговараат дали сакаат греењето да работи додека нивните деца имаат часови

/

пред 1703 дена

Сподели преку :

Во основни училишта во скопскaта населба Ѓорче Петров – парното греење се исклучувало околу 15 часот иако учениците се во училишната зграда и подоцна со оглед дека наставата се одвива во две смени, алармираат родители.

Откако родителите реагирале и до надлежните, им била испратена анкета да одговорат дали сакаат греење да има се додека децата се на настава а не само до 15 часот.  Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вели дека е запознаен со проблемот и дека ќе ги земе предвид реакциите на родителите, но тврди дека не станувало збор за рестрикции туку такви биле протоколите.