Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Злато и олимписки рекорд за Шутен, словенечка доминација во ски скокови

/

пред 1702 дена

Сподели преку :

Холанѓанката Ирене Шутен е го освои првиот златен медал во брзо лизгање. Таа во трката на 3000 метри триумфираше со време од 3 минути 56 секунди и 93 стотинки што е нов олимписки рекорд, а за Шутен по двете светски злата ова е прво најсјајно одличје на Олимписките игри.

Среброто и припадна на Франческа Лолобриџида од Италија, а со бронзата се закити Изабел Вајдман од Канада.

Во денешната трка настапи и 39-годишната Клаудија Пехштајн која со 49 години стана највозрасната натпреварувачка во историјата на Зимските игри.

Словенката, Урша Богатај го освои златниот медал во ски скокови во женска конкуренција. Таа во двете серии имаше скокови од и за 2,2 поени имаше подобар скор од Катарина Алтхаус од Германија додека бронзата и припадна на нејзината сонародничка Ника Крижнар.

Меѓу петте најдобри се пласираа уште Јапонката, Сара Таканаши и уште една Словенка, Ема Клинец.