Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вакцинираните и прележаните со Ковид-19 од утре не мораат да прават ПЦР или рапид тест за влез во Грција

/

пред 1701 дена

Сподели преку :

Вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 и имаат валиден европски сертификат од утре во Грција ќе патуваат слободно, без да биде потребно дополнително да се тестираат со ПЦР или рапид тест.

Граѓаните на нашата држава кои поседуваат дигитален сертификат од ЕУ со потврда за вакцинација , при што е се поминати најмалку 14 дена од втората доза и не повеќе од 9 месеци по вакцинацијата, слободно може да влезат во Грција. За лицата кои примиле бустер доза нема временски ограничувања.

Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена од истиот.

За лицата кои не се вакцинирани или прележани, останува обврската за негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето или рапид тест, направен најмалку 24 часа пред пристигнувањето во Грција.