Никлас Зиле по завршувањето на актуелната сезона ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент, бидејќи му истекува договорот и без обештетување ќе се пресели во редовите на лутиот ривал Борусија Дортмунд.
Германскиот репрезентативец е стандарден во редовите на Баварците, но сакаше нов предизвик во кариерата, бидејќи ги одби сите понуди за продолжување на соработката. Цели пет сезони е дел од Баерн, а претходно играше за Хофенхајм. За националниот тим има одиграно 37 натпревари.











