Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон: Деновите кои следат се круцијални за Украинската криза

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Деновите кои следат се круцијални за деескалација на украинската криза, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по повеќечасовната средба која се одржа во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој на рускиот колега му дал неколку предлози, со цел да се избалансира ситуацијата.

За Путин на разговорот со Макрон бил постигнат извесен напредок, а предлозите Париз за безбедносните гаранции на Москва ќе ги разгледа и му изгледаат возможни за излез од кризата.

Ова е прва средба на Путин со западен лидер откако руските трупи се собраа на границите на Украина.

Москва негираше какви било планови за инвазија. Сепак, западните сили стануваат сè позагрижени од можноста за конфликт.