Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите на Луковица ги завеа снегот, храна имаат уште за неколку дена

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Жителите на Луковица алармираат дека им привршуваат залихите со храна, а тие не можат да излезат од селото затоа што патот е завеан со снег. Ваквата состојба трае повеќе од една недела, поради снежни наноси високи речиси до еден метар. Во селото во моментот има 45 жители, а дел од нив се и повозрасни лица. Имаат само едно теренско возило, но и со тоа тешко се поминува.

Од Месната заедница потенцираат дека патот Групчин-Седларево е исчистен, а нивниот крак од 5,5 километри не е. Се обратиле до Општина Желино, но досега нема никаква активност на терен.

Луковица има 80-тина домаќинства, освен постојаните жители и лица поседуваат викендици. Во летниот период, како и за време на викендите во селото посетеноста е многу поголема.

Данијела Билбилоска