Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

44 годишен маж почина а уште две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Радовиш

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Четириесет и четиригодишниот М.В од Радовиш загина во тешната сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш кај двесеттиот километар.

Повредени се две лица, кои по направените прегледи во Клиничка болница-Штип се пуштени на домашно лекување.

Во несреќата која се случи во 14.39 на екпресниот пат учествуваа возило со радовишки регистерски таблички и скопско товарно возило.

Пожарникарите од Штип биле повикани да интервенираат со противпожарни апарти, бидејќи едно од возилото ќе се запалело, поради силниот директен судир меѓу возилата.

Неколку часа се прави увидот од страна на полицијата и обвинител од основното јавно обвинителство.

Делницата од клучката за Неготино до клучката кај Бучим е затворена за сообраќај, а возилата се насочуваат да возат по стариот регионален пат Штип-Радовиш.