Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТИРАНОСАУРУС – недела, 13 февруари 2022 – 22:15

/

пред 1695 дена

Сподели преку :

Џозеф (Питер Мулан) е невработен вдовец кој има проблеми со алкохолот и со сопствениот нестабилен темперамент и бес. Хана (Оливија Колман) е христијанска добротворна работничка, жена за почит, која изгледа исполнето и среќно. Кога околностите ги спојуваат нив двајца, Хана станува ангел-чувар на Џозеф, скротувајќи го неговиот бес и нудејќи му топлина, милост и прифаќање. Како што се развива нивната врска, се откриваат сопствените тајни на Хана. Нејзиниот сопруг (Еди Марсан) е насилен и ја злоупотребува, а Џозеф се појавува во улогата на нејзин спасител. Со одличната глума и длабоката приказна, филмот на актерот Педи Консидин, кој овде е и сценарист и режисер, претставува маркантно дебитантско остварување за милоста и искупувањето што произлегуваат од најневеројатни места.