Во пресрет на четврт-финалното соочување меѓу Пари Сен Жермен и Аталанта, италијанските медиуми објавија интерсен податок според кој Нејмар заработува идентична сума со комплетниот буџет за плати на фудбалерите од Бергамо.
Бразилецот од францускиот шампион годишно инкасира 36 милиони евра колку што во Аталанта заработуваат 22-ца играчи од првиот тим.
Највисоки плати во составот од Италија имаат Папу Гомез, Јосип Иличич и Дуван Запата кои без бонуси вкупно добиваат 1,2 милиони евра.











