Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бочварски им се извини на новинарите што не ги третираат еднакво

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Сенка на промоцијата на првата авио линја Скопје – Софија фрли несоодветната организација во која македонските медиуми беа оневозможени да ја вршат својата рабнота на сметка на владините сниматели и фоторепортери, како и на гостите – новинари од Бугарија. На што во заедничка изјава реагиаа Новинарскиот синдикат и ЗНМ.

„Владините сниматели и службеници за медиуми не смеат да имаат привилигиран статус, бидејќи на тој начин стануваат конкуренција на медиумите, а тоа може да го наруши и правото на информирање на граѓаните“ – реагираа од  здружението и синдикатот на новинарите.

Од министерството за транспорт и врски се извинија за како што оценија – пропустот, објаснувајќи дека организацијата била според протоколите на аеродромот, и ветија дека како и досега и во  иднина ќе обезбедат еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи.