Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: „Breaking bad“ во македонско-бугарска продукција, откриена заедничка лабораторија за синтетички дроги

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

И пред да се вратат градежниците на Коридорот 8 и да полета „Гуливер“ на релација Софија-Скопје, беше откриена уште една „бизнис“ соработка на поединци од двете држави. Сепак станува збор за криминал, во кој двајца македонски и двајца бугарски државјани заедно работеле и имале лабораторија за производство на синтетичка дрога која се наоѓала во стан во бугарскиот главниот град Софија.

МВР објави видео и информација за апсењето кое е изведено со меѓународна соработка на полициите од двете држави и на агенцијата СЕЛЕК. Акцијата е изведена во двете држави истовремено и пронајдени се неколку килограми амфетамини.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани, соопшти МВР:

Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено, на територијата на Република Северна Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба, стои во соопштението на МВР.

Миомир Серафиновиќ