Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забеганоста на 11-годишниот режим

/

пред 1694 дена

Сподели преку :

Заврши времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски цели, Северна Македонија денеска е демократска и слободна земја, реагираат од СДСМ откако опозицијата оцени дека снемувањето на струја во Скопје поради пожари и испади на далеководи е поради говорот на Мицкоски кој се држеше во тоа време.

-Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забеганоста со која режимот 11 години злоупотребуваше институции, гасеше струја, лифтови, местеше сообраќајки, фалсификуваше лични карти. Тоа во суштината е и признинето на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Титаник“ и целиот криминал на режимот, потенцираат од СДСМ.

Од СДСМ посочуваат: Гледаме дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со истиот начин на размислување и делување управувана од двоецот Мицкоски – Груевски.