Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Агатангел се помоли за божја помош за Мицкоски во одбрана на Македонија

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

Денот кога црвите и мувите требаше да се проколнат за да лозјата родат добро, во Тиквешијата  се претвори во ден за политички пресметки и повикување на Исус Христос да ја помогне политичката битка во земјата.

Владиката Агатангел уште еднаш ја стави својата црковна мисија во функција на политиката. Во придружба на градоначалникот Митко Јанчев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето.

Владиката Агатангел ја извалка и мантијата и црквата, реагираше министерот Горан Милевски, кој овие зборови ги слушна на лице место како учесник во одбележувањето на празникот.

Во овој момент, МПЦ останува без коментар. Портпаролот, Владиката Тимотеј, одговори кусо дека Синодот не заседавал по ова прашање и дека не може да коментира нешто што не го слушнал.

Соња Николовска