Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напаѓачот кој со секира се закануваше на новинар ќе одговара за загрозување со опасно орудие

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Полицијата го откри и приведе напаѓачот на новинарска екипа кој во гостиварско Ѓурѓевиште со секира се заканувал на медиумските работници кои во селото снимале ТВ прилог.

По разговорот со обвинител во гостиварската полициска станица, отворена е постапка и истрага за 59-годишниот напаѓач за кривично дело по член 133 од КЗ на РСМ, односно за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Потоа, уште синоќа приведениот е пуштен.

Инаку, по првичниот напад, новинарот и снимателот тргнале со автомобил до најблиската полициска станица во Неготино полошко, а напаѓачот ги следел со своето возило.

МВР синоќа објави соопштение за инцидентот и нападот врз новинарската екипа:

-Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште, по добиена пријава дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште и во раката имал секира со која му се заканувал.

Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.