Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трипуновски: Се појави птичји грип во Македонија. Власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки!

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Се појави птичји грип во Македонија! Власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки! – напиша на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако една од првите работни посети на Љупчо Николовски се случи во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде намерата беше да се покаже институционалниот капацитет на ресорот, сите нивни медиумски напори паднаа во вода.

Р. Македонија за многу кратко време се соочува со уште една опака заразна болест, Птичји грип кај живината. Болеста е лабораториски потврдена во с. Злокуќани, Општина Карпош, но надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор.

Јавноста не е информирана, НЦКБ (националниот центар за контрола на болеста) не може да се собере, а уште помалку да донесе сет на мерки, живинарските производни капацитети не се запознаени, а со тоа и не се ставени во состојба на зголемена претпазливост.

Што треба да се случи во државата за да најповиканите понесат одговорност. Живинарството е под закана на големи загуби. Агонијата во сточарското производство продолжува. Р. Македонија час поскоро мора да се ослободи штетните политики со кои СДСМ 5 години по ред носат безидејност и ниска продуктивност во македонскиот аграр.“ – вели Цветан Трипуновски.