Кризната состојба во Скопје заради недостиг од топлинска енергија се продолжува до 30-ти април. Одлуката беше изгласана синоќа во собранието со 59 гласа ЗА и ниту еден против. Истата стартува од денеска.
Владата, конкретно Електрани на С Македонија, треба да ја преземе обврската за снабдување со топлинска енергија наспроти БЕГ како снабдувач во услови кога цената на енергенсот е за 40 отсто зголемена.











