Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проруски сепаратисти: Украинските сили утрово го гранатираа нашето село

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Бунтовниците во источна Украина, поддржани од Руската Федерација, ги обвинија владините сили на Киев дека во петокот гранатирале село, објави Ројтерс.

Киев и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите по артилериските и минофрлачки напади во четвртокот. Овој потег предизвика стравувања дека Русија би можела да се вклучи во конфликтот.

Кремљ во четвртокот нагласи дека се „длабоко загрижени“ за ескалацијата во Украина и дека внимателно ја следат ситуацијата.

Според извештајот на Интерфакс, самопрогласената Доњецка Народна Република наведува дека селото Петривске, кое се наоѓа во одметничкиот регион, било гранатирано во 5:30 часот по локално време.

Интерфакс пренесува и дека руското Министерство за одбрана објавило дека неколку руски механизирани пешадиски единици се вратиле во своите бази во регионите Дагестан и Чеченија по завршувањето на вежбите на Крим.

Кремљ оваа недела соопшти дека почнал да повлекува некои војници од областа што граничи со Украина, но Киев и Западот го оспорија потегот, велејќи дека одредени единици и опрема биле заменети со други.