Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипјани и денеска без вода за пиење – водата од системот за водоснабдување е само за техничка употреба

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Штипјани и денеска да не ја користат вода за пиење и готвење. Водата од системот за водоснабдување е само за техничка употреба. Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков вели дека веќе втори ден експертите од Словенија работата на подесување на двата системи за водоснабдување, односно Штип ќе може да се снабдува со вода за пиење од бунарскиот систем и од Хидросистемот „Злетовица“.

Здравков закажа прес-конференција во 12 часот, кога подетално ќе објасни за каква голема процедура станува збор, околу прилагодувањето на Филтер станицата, во којашто е инсталирана современа опрема за ултра филтрација од над пет милиони евра. На веб страницата на ЈП „Исар“-Штип ќе бидат објавени локациите во населбите, каде ќе има цистерни со вода за пиење и готвење.