Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во тек е средбата во Владата со здруженијата на пензионери

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Во Владата во тек е средбата меѓу владините претставници и здруженијата на пензионери на која ќе стане збор за зголемувањето на пензиите.

На средбата, како што претходно најавија од владината прес-служба, присуствуваат вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.

На состанокот се очекува да стане збор за менување на методологијата за покачување на пензиите.

Од Владата најавуваат дека преку дијалог со сите засегнати страни ќе се бара најприфатливото решение за сите.

Во изминатиот период, пензионерските здруженија побараа зголемување на пензиите поради неможноста да ги покријат основните животни трошоци во услови на енергетска и економска криза.