Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава

/

пред 1688 дена

Сподели преку :

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ – со стабилен изглед. Стабилниот изглед, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг на среден рок.

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку продолжат напорите за структурни реформи.

Целта за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да придонесе за зајакнување на институционалната рамка, а новите влади на Македонија и Бугарија внесоа позитивна динамика во преговорите за пристапување кон ЕУ, се истакнува во извештајот.

Според „Стандард и Пурс“ економијата на Македонија го достигна  своето предпандемиско ниво.

Двигатели на растот ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и приливот од дијаспората, како и инвестициите.