Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина проф. д-р Драги Михајловски

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

Денес во Скопје, по долго боледување, на 71 годишна возраст почина проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир. Преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир, за што некои оправдано го нарекува Македонски Шекспир.

Од 1976 година работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од каде и се пензионира, како редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето.

Проф. д-р Драги Михајловски  е дoбитник на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание,  наградите  „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).

Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, член на ПЕН на Македонија, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД.