Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР во еден ден казни 310 пешаци и 266 возачи

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 310 пешаци од кои, 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло… Од нив 141 на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола.

За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци.

МВР спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 266 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 157 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.