Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски го осуди руското признавање на „самонаречените“ народни републики Доњецк и Луганск

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа напиша:

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики.Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.“