Бугарскиот премиер Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада.
Средбата се одржала на нивна иницијатива, а Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав.











