Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зверев исфрлен од Акапулко

/

пред 1684 дена

Сподели преку :

Светскиот рекет број три Александар Зверев беше исфрлен од Мексико Опен поради неспортско однесување, откако по расправија со судијата неколку пати со рекетот го удри неговото столче.

Германецот Зверев се расправаше со судијата, незадоволен од неговата арбитража во одлучувачкиот тајбрејк, којшто со партнерот Марсело Мело го загубија од Лојд Гласпул и Хари Хелиовара.

Поради неспортско однесување во завршните моменти на мечот во двојки , Александар Зверев се повлече од турнирот во Акапулко, во соопштение објави АТП.

Зверев тврдеше дека беше неправедно досуден аут и започна да го навредува судијата, во исто време агитирајќи ја и публиката. Германецот гневен три пати со рекетот го удри столчето на судијата, за малку промашувајќи го неговото стапалото.