Градоначалникот на Мариупол, град во источна Украина, Вадим Бојченко на прес-конференција изјави дека тројца цивили се убиени, а шест други се ранети.
„Не паничете. Ние сме подготвени да се бориме за Мариупол и за Украина“, додаде тој.
Тој откри и како руските сили го нападнале градскиот аеродром и блиското село.











