Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на твитер објави дека руските окупациони сили се обидуваат да ја заземат нуклеарната централа Чернобил.
„Нашите бранители ги даваат своите животи за да го спречат повторувањето на трагедијата од 1986 година.“ – напиша на Твитер, Украинскиот претседател.

Тој додаде и дека информацијата за оваа операција на руските сили му ја пренел и на Шведската премиерка, Магдалена Андерсон.
„Ова е објава на војна против цела Европа“ – обвини Зеленски.











