Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарите немоќни во Тбилиси: Дебакл против Грузија

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа уште еден убедлив пораз во квалификациите за Светското првенство. Подмладениот тим не можеше достојно да и се спротивстави на Грузија и загуби со 91-70. Натпреварот го пропушти и селекторот Драган Бајиќ, кој не ни отпатува во Тбилиси поради позитивен тест на Ковид-19.

Бевме во негатива буквално од првата до последната минута на натпреварот. Предноста на Грузија во вториот период стана двоцифрена и потоа ниту еднаш не се намали туку само се зголемуваше. На полувремето губевме со 46-31. Во третиот период разликата за прв пат надмина и 20 поени, а најголемата негатива ја имавме на стартот на последната четвртина од 25 поени.

Војдан Стојановски на својот кам-бек во националниот тим по тешката повреда постигна 15 поени, додека Дамјан Робев имаше 13, а двоцифрени во нападот беа и Виктор Ефремовски и Бојан Крстевски со по 11 поени. Тедус Мекфаден со 26 поени беше најдобар во таборот на грузиската репрезентација.

Македонија сега има три порази од три натпревари во квалификациите за Мундијалот откако претходно загуби и од Шпанија и Украина.