Македонија веќе две години не се снабдува со гас преку Украина и затоа испораката останува стабилна, вели за Телма енергетскиот консултант, Митко Андреевски.
Она што веќе почна нагло да се качува е цената на гасот и на нафтата, а понатаму ќе расте и цената на електричната енергија. Економски оваа година ќе биде многу тешка, прогнозира Андреевски.











